Екипата на Јувентус синоќа го победи Каљари со 1:0 во натпреварот од 30-тиот круг на италијанскиот шампионат. Стрелец на победничкиот гол беше Леонардо Бонучи.
Ова е 500. гол на тимот откако на тренерското место дојде Масимилиано Алегри.
Тој го предводи Јувентус од 2014 година. Под негово водство „бјанко-нерите“ имаат четири трофеи во Серија А, исто толку во Купот на Италија, а два пати играа во финалето на Лигата на шампионите.
Оваа сезона Јувентус во ЛШ е во четвртфиналето каде за противник го има тимот на Ајакс од Амстердам.