Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез е близу до преминување во Јувентус. Според веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио, торинскиот клуб се договорил за личните услови со Уругваецот.
Се шпекулира дека италијанскиот шампион на Суарез му понудил 10 милиони евра годишна плата плус бонуси за следните три сезони.
Претходно во медиумите се појави информација дека новиот тренер на Каталонците, Роналд Куман не го гледа 33-годишниот Уругваец во тимот.
Минатата сезона напаѓачот одигра 36 натпревари за Барселона, постигна 21 гол и направи 10 асистенции.