Американката Серена Вилијамс ја победи сонародничката Кристи Ан во првото коло на УС Опен. За неа оваа победа беше 102. во сингл мечевите на турнирот, со што постави нов рекорд на Грен слемот во Њујорк.

Во меч што траеше 1 час и 28 минути, Вилијамс го доби првиот сет со 7:5, додека во вториот резултатот беше 6:3.

Во второто коло Вилијамс ќе се соочи со Русинката Маргарита Гаспаријан.