Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Марко Асенсио се повреди на тренинг со репрезентацијата на Шпанија, пишува „Марка“.

Играчот почувствува болка во коленото. Му беше дијагностициран едем, па ќе му требаат неколку дена да закрепне.

За потсетување, Асенсио пропушти повеќе од една година поради повреда на вкрстениот лигамент и се врати на терените ова лето.