Денвер нагетс ќе игра во полуфиналето од Западната конференција, откако ноќеска ја совлада Јута со 80:78 во седмиот натпревар од првото коло во НБА плејофот.

Јокиќ со дабл-дабл ефект, односно 30 поени и 14 скока е најзаслужниот за победата на „Нагетс“ кои со вкупни 4-3 одат понатаму.

Денвер е само 12-от тим во историјата на НБА кој успеал да се врати по водство на противникот со 3-1 во победи.

Последен тим кој направил пресврт по 1-3, беше Кливленд кој во сезоната 2015/16 во финалето го победи Голден Стејт.

Противник на Денвер во следната рунда ќе му биде Лос Анџелес клиперс.

Во полуфиналето на Исток се одигра вториот меч од серијата меѓу Бостон и Торонто. Победа забележаа „Селтикс“ со 102:99, па сега актуелниот шампион Торонто се наоѓа во негатива од 0-2 во серијата прв до четири. зс/

2020-0