Пожарот, кој го зафати нискостеблестите растенија, потпомогнат од силниот ветер, се прошири и уништи четири села во Јужен Судан, усмртувајќи 33 лица, соопшти Атени Век Атени, портпарол на претседателот на државата.
Портпаролот истакна дека по пожарот 60 лица се во критична здравствена состојба и оти бројот на загинати може да се зголеми.
– Повредените примаат медицинска помош, која е недоволна поради зафрленоста на локацијата каде се случи пожарот, истакна Атени.
Министерот за информации Маток Вал денеска изјави дека пожарот уништил 138 куќи и оти настрадале 10.000 грла стока.