Најмалку 320 луѓе се повредени откако воз што сообраќал на релација Јоханисбург – Преторија удрил во задниот дел од воз што стоел на станица, соопшти денеска властите.
Во судирот што се случил утрото по локално време, 32 лица се со тешки повреди.
Во јануари во слична несреќа во предградие на Јоханесбург беа повредени 220 луѓе. Владината агенција за регулирање на железничкиот сообраќај наведува во извештај за 2016/2017 година дека 495 луѓе загинале во железнички несреќи и 2.079 се повредени. Бројот на загинати е за пет отсто повисок во однос на претходната година.