Северна Кореја денеска истрела „неколку“ крстосувачки ракети во водите кај нејзиниот западен брег, соопшти јужнокорејската војска.
Сеул „откри неколку крстаречки ракети лансирани во Западното Море (Жолто Море) околу 7:00 часот по локално време“, се вели во соопштението.
Американските и јужнокорејските разузнавачки агенции „во моментов вршат детална анализа“ на лансирањето, додаваат истите извори.
Официјалната новинска агенција на Северна Кореја објави фотографии од лансирањето на проектили над морето.
Фото: МИА архива