Северна Кореја утринава истрела четири балистички ракети со краток дострел во Жолтото Море, соопшти јужнокорејската војска.
Ракетите прелетале на околу 130 километри надморска височина дистанца од околу 20 километри.
Северна Кореја изврши серија лансирања на проектили оваа недела, од кои едното можеби беше неуспешен обид за лансирање интерконтинентална балистичка ракета. Овие акции наидоа на осуда во Вашингтон, Сеул и Токио.
Лансирањето на ракетата доведе до шпекулации дека Северна Кореја можеби се подготвува да продолжи со нуклеарни тестови за првпат од 2017 година.