Северна Кореја истрела неидентификувана ракета во морето, јави денеска јужнокорејската војска и ова е прв ваков тест на Пјонгјанг во новата година.

Ракетата била истрелана во морето источно од полуостровот, соопштија командантите на штабот на Јужна Кореја, без да дадат дополнителни детали.

Северна Кореја во 2021 година соопшти дека успешно тестирала нов тип на балистичка ракета истрелана од подморница.

Овој нов обид дојде откако Северна Кореја не одговори на повикот на Вашингтон за разговори.

За време на важниот состанок на владејачката партија минатата недела, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун потврди дека сака да ги зајакне воените капацитети на неговата земја, и покрај меѓународните санкции.

Преговорите со САД се во застој откако во 2019 година пропадна средбата меѓу Ким Џонг Ун и тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Откако Џо Бајден дојде на власт, САД неколку пати изјавија дека се подготвени да се сретнат со севернокорејските претставници, но, Пјонгјанг досега ја отфрла ваквата понуда