Од самиот зафаток на револуционата организација, Македонците во Бугарија или со бугарцко образуајне, работеа под маската бугари, једно за тоа шчо така се викаше голем дел од населението, а друго шчо по тој пат можеше да се добијет поддржката на бугарцкото праителство, на бугарцкио народ и бугарцката егзархија.

Ова го запишал авторот на „За македонцките работи“, македонскиот лингвист Крсте Петков Мисирков.

Мисирков не бил дел од Организацијата, но го опишал „проблемот со идентитетот“ на некои војводи од ВМРО, за кои има заблуди и денес, кога се оспорува македонската историја и тоа за која земја се дадени толку животи во минатото на Македонија.