Од кабинетот на претседателот на Собранието велат дека Законот за Советот за јавни обвинители е донесен според законот и Уставот и оти при образложувањето како се носи овој Закон претседателот на Собранието Талат Џафери направил грешка.
Од кабинетот на Џафери се повикуваат на член 11, став 3 од Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, каде се наведени законите што се гласаат со Бадентер, а меѓу нив го нема Законот за Советот на јавни обвинители.
-Законот се носи со обично мнозинство, бидејќи за овој закон според Уставот и Деловникот на Собранието не е предвидено посебно гласање, односно гласање по Бадентер, велат во изјава за МИА од кабинетот на претседателот на Собранието.
Се очекува Џафери утре, по распиштување на изборите најавени на 12 април, на прес – конференција да објасни дека погрешно најавил оти Законот за Советот на јавни обвинители се гласа со Бадентер.