Кабинетот на Стево Пендаровски денеска по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за судир на интереси од страна на директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу бара Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да ги провери наводите.
Од Кабинетот укажуваат и на политичка одговорност од, како што потенцираат, објавување непроверени и шпекулативни информации кои можат да го нарушат угледот на безбедносните служби на државата.
– Во однос на прес-конференцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во која се посочува на наводен судир на интерес од страна на директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу во однос на кадровски решенија во АР – Кабинетот на Претседателот на РС Македонија ја повикува Државната комисија за спречување на корупција истите да ги провери веднаш, се вели во реакцијата.
Воедно, додаваат од Кабинетот на Претседателот, укажуваме на политичка одговорност од објавување на евентуално непроверени и шпекулативни информации кои можат да го нарушат угледот на безбедносните служби на Македонија особено во период кога земјите сојузници од НАТО ја спроведуваат постапката за ратификација на Протоколот за членство.