Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими новинарот Бранко Героски, по заканувачката порака што ја добил.
Осудувајќи секаков вид закани упатени до медиумите, претседателот Пендаровски, соопшти неговиот кабинет, порачал дека новинарите треба да ги уживаат сите права и слободи за да можат професионално и без притисоци да работат.
Пендаровски истакнал дека како и досега, ќе се залага за заштита на достоинството и интегритетот на новинарската професија и професионалните медиуми секогаш ќе ја имаат неговата поддршка.