Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон, кои не беа потпишани од претходниот претседател Ѓорге Иванов, поради Северна во името на Република Македонија.
Пендаровски, се вели во соопштението од неговиот кабинет, смета дека овие закони и нивната идна имплементација се од витален интерес за граѓаните на Македонија.
Потпишани се указите за прогласување на следните закони:
– Закон за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации;
– Закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност;
– Закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;
– Закон за Централен регистар на население;
– Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции;
– Закон за изменување на Законот за спортот;
– Закон за практиканство;
– Закон за услуги;
– Закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи;
– Закон за извршување на санкциите;
– Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди;
– Закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со текстот на Законот;
– Закон за електронско управување и електронски услуги;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, се наведува во соопштението до кабинетот на Пендаровски.