Двајцата соговорници, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, размениле мислења за актуелните случувања во Македонија.
На средбата претседателот Пендаровски порачал дека државата е исправена пред историска шанса да се потврди како партнер и рамноправен дел од најзначајните сојузи во светот – Европската унија и НАТО. Тоа, според Пендаровски, е единствениот пат кој води кон стабилност и просперитет на државата и на регионот. Оттаму, како што посочил тој, потребно е сите политички фактори во Македонија да се насочат кон помирување и обединување околу стратешките цели на земјата.
На средбата Ахмети упатил честитки до Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посакал успех во работата.
Претходно денеска Пендаровски имаше средба и со собранискиот спикер Талат Џафер.