Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува РС Македонија во спроведувањето на неопходните и многу важни реформи насочени кон владеењето на правото и функционирањето на институциите на непристрасен и независен начин, истакна американската амбасадорка во земјава Кејт Брнс на денешната работна средба со првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби.

Како што соопшти Кабинет на Груби, Брнс на средбата му го честитала назначувањето за прв вицепремиер и му посака успех во остварувањето на сите негови цели и истовремено му се заблагодарила за блиската и коректна соработка.

– Брнс, исто така рече дека С. Македонија треба да го одржи единството за да ја искористи можноста за членство во Европската унија, се наведува во соопштението.

Амбасадорката нагласила дека САД се подготвени да ги продлабочат билатералните односи меѓу двете земји и да се заложат за зајакнување на понатамошното зголемување на директните американски инвестиции и за соработка во областа на дигиталната економија во согласност со сигурносните стандарди на НАТО.

Груби од своја страна се заблагодари на американската амбасадорка за континуираната и искрена поддршка на САД.

– Она зад што стои НАТО во С. Македонија е најдобрата можност што ја имала земјата од нејзината независност, бидејќи нашето полноправно членство во оваа алијанса, покрај тоа што им носи безбедност на граѓаните и на државата, носи и повеќе инвестиции и поголем економски развој, изјави Груби, истакнувајќи дека Владата останува посветена на спроведувањето на реформите, со посебен акцент на сегментот правда.

Вицепремиерот Груби нагласи дека справувањето со здравствените и економските предизвици произлезени од пандемијата со КОВИД-19 остануваат приоритет на Владата, со цел да се надминат што е можно полесно и изрази длабока благодарност до амбасадорката Брнс за конструктивната и клучна улога на САД во сите достигнувања во земјата и регионот, промовирајќи мир, стабилност, безбедност и евро-атлантска перспектива.

– Груби ја истакна важноста на мрежата 5Г и стратешката соработка со нашите американски сојузници во овој процес и дека тоа ќе биде приоритет на нашата Влада, се додава во соопштението.

Тој го поздравил договорот од Вашингтон меѓу Косово и Србија, како и меѓусебното признавање меѓу Израел и Косово и опредлувањето на Хезболах за терористичка организација,

– Брнс му честиташе на Груби за сите храбри и праведни чекори преземени за доброто на РС Македонија и сите нејзини граѓани и го повика да не се двоуми и во иднина да се одлучи ако се работи за исти чекори кои се за доброто на граѓаните и на земјата. Соговорниците разменија мислења и за други политички теми во земјата и пошироко, се додава во соопштението на Кабинетот на првиот вицепремиер и пинистер за политички систем и односи меѓу заедниците.