Талибанците денеска соопштија дека нема да почнат директни разговори со владата во Кабул и ги демантираа информациите дека таква средба веќе е испланирана и закажана, пренесоа британските медиуми.

Портпаролот на политичкото претставиштво на талибанците во Кабул, Сухаил Шахим, изјави дека терористичката организација ќе преговара со авганистанската Влада само откако САД ќе се повлечат од земјата.

-Внатрешноавганистански преговори ќе има само откако надворешните сили го соопштат своето заминување од земјата, рече Шахим.

Специјалниот претставник на САД за Авганистан, Залмеј Халилзад, пак, изјави дека преговори на официјален Кабул со талибанците ќе има само откако Вашингтон го постигне својот договор со нив.