Членот на извршниот комитет на СДСМ, Рубин Земон, се повлече од партиското тело откако во медиумите беше објавена негова фотографија од неофицијална средба со провокаторот Виктор Стојанов од фондацијата Македонија од Софија.
Ова се случи само неколку дена откако тој даде изјава дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот народ.
Додека јавноста е револтирана од неговото однесување, високи функционери на СДСМ, се воодушевени од него.
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во поткастот кај Ландов,
-Рубин Земон стана член на Извршен и на Централен. Партијата се претопи во СДСМ, се окрупнуваме, разговараме со поранешните коалициони партнери да се вратат. На добар пат сме, се окрупнуваме. Човекот има сериозно влијание во својата изборна единица, рече тогаш Жерновски.
Видео плејер
-Гоце Делчев, ништо не напишал во животот, ниту една битка не извојувал никаде, а направен е мит од него. Требаат аргументи и докази. Која книга Гоце Делчев ја напишал? Што напишал човекот? Каде војувал? – рече Земон неодамна.
По низата скандали синоќа се повлече од партиската функција, но штетата е веќе направена.
-Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам терет на борбата на партијата кон уривањето на оваа власт, поднесувам оставка од местото член ИО на СДСМ, објави Земон на Фејсбук.
На Стојанов, токму во време на СДСМ му беше забранет влез во Македонија, поради ширење на говор на омраза против македонскиот народ.




