Пред неколку часа американскиот претседател Доналд Трамп објави дека според тврдењето на група републиканци, во Пенсилванија имало 200 000 повеќе гласачки ливчиња во гласачките кутии од пријавени гласачи.
Со оглед на тоа што ова го тврди првиот човек на најмоќната држава на светот (твитер веднаш го дисквалификува неговиот пост).
Се чини дека е време таму да се појави Питер ван Хојте, кого македодските шарени подлизурковци го именуваа како „експерт“ кој беше вклучен во создавањето димна завеса во Македонија дека изборите во време на Груевски не биле регуларни, па е потребно тоа да го среди меѓународна група во која учествуваше самиот Белгиец, а која, неформално, ја командуваше Џес Бејли, американскиот амбасадор во Скопје.
Во димната завеса беше вклучена и цела комуњарска новинарска фела, која потоа од Заев и од странците си го наплати својот ангажман.
Некои од нив, како Бранко Героски, во последно време ја сменија страната со надеж дека ќе им се заборави гревот на тони и тони лаги кои пласираа, па станаа ортаци на наследниците на „режимот“ и на поданиците на тој режим како Орце Камчев, своевремено прв ортак на Сашо Мијалков кои по „27 април“.