Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се огласи после одлуката на лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин да ја прекине вооружената побуна.

Кадиров тврди дека огорченоста на Пригожин поради неуспешните работни амбиции, можела да доведе до крвопролевање.

– Мислев дека на некои луѓе може да им се верува и дека својата татковина ја сакаат искрено до срж како вистински патриоти, меѓутоа се испостави дека поради лични амбиции и бенефиции, односно бахатост, не можат да се грижат за наклоноста и љубовта кон земјата, рекол Кадиров.

Тој наведува дека се обидувал да го смири Пригожин.

– Го повикував да ги напушти своите бизнис амбиции и да не ги меша со прашања од национално значење. Мислев дека ме чул, но се испостави дека бесот во него цело време растел. Синџирот на неуспешни работи предизвика длабоко вкоренета и долготрајна огорченост кај бизнисменот која достигна врв, кога власта на Санкт Петербург не дозволи на неговата ќерка да го добие посакуваното земјиште – тврди Кадиров.

Според него тоа можело да доведе го губење на многу животи, кои за среќа се спасени.

Извор: Република