Британскиот генерал Ричард Денат, поранешен началник на Генералштабот на британската армија, во интервју за Скај Њуз предупреди дека украинските лидери мора да внимаваат на можен напад врз Киев од Белорусија, на чело со Евгениј Пригожин.

-Загрижува фактот што тој замина во Белорусија, изјави британскиот генерал.

Доколку Пригожин „ја задржа ефективната борбена сила околу себе, тој тогаш повторно претставува закана за украинското крило, што е најблиску до Киев“, оцени генералот Ричард Денат за Скај Њуз.