Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров во објава на Телеграм ги повика муслиманите од целиот свет да се обединат против НАТО.

– САД и Европа во последните 100 години организираа десетици војни, воени преврати и инвазии. Милиони цивили беа нивни жртви. Меѓутоа, во овој момент организираат уште пострашни закани, уништувајќи ги сите морални вредности кои ги формираа народите на сите земји за време на постоењето на човештвото. Го повикуваме целиот исламски свет, сите разумни луѓе да се здружат против нашиот заеднички непријател, објави Кадиров на Телеграм.

Според Кадиров, западниот воен пакт му се заканува на целиот свет.

– Сепак, Русија им противречи на сите западни прогнози, му пркоси на ова зло и самоуверено тргнува кон победата. Не дозволувајте НАТО да ви наредува, бидејќи наскоро ќе дојде и ќе ја згази и вашата татковина. Бидете на фронтот единствени со своите браќа, напиша Кадиров.