Најмалку пет лица загинаа, а едно е рането во престрелка во предградие на Торонто, во источна Канада, соопшти утринава полицијата.

Се верува дека осомничениот напаѓач е убиен во пресметката со полицијата која дошла на повик за помош, изјави за новинарите шефот на локалната полициска служба.

Истрагата за убиствата е во тек.

Во моментот на нападот, жртвите биле во неколку станови во зградата во населбата Вон, на триесетина километри северно од Торонто.