Јас сум најредовен пратеник и прв пат ми се случува да си играм видео игри во собраниската сала, вели Дарко Каевски, пратеник од СДСМ, кој играше видео игри за време на седница на собраниска комисија, додека од говорница говори пратеничката Гордана Силјановска Давкова од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Тој во изјавата за Фактор додава:
– Јас сум еден од најредовните и најактивните пратеници, кој не отсустувал од ниту една пленарна седница, ниту комисиска дебата во Собранието. Но, кога на говорницата имате колега кој слушате дека кажува флоскули и празни реченици, можеби некогаш ќе посакате да го оттргнете вниманието од тоа. Ова прв пат ми се случува, во принцип внимателно ги следам дебатите што се одвиваат во законодавниот дом, изјави Каевски за Фактор.