Европското движење на Република Македонија, денеска организира кафе-дебата „Европа меѓу кризите и реформите – Република Македонија во новиот контекст на проширувањето“.

Дебатата, како што соопшти ЕДРМ, се организира по повод претстојниот референдум што стриктно се поврзува со евроинтеграциската перспектива.

На дебатата ќе се дискутира за политичката клима во Европа во предвечерието на изборите за членови на Европскиот парламент, каде е видлив растечки рејтинг на крајно десните и левите партии, со осврт на новите сценарија во однос на проширувањето поврзани со евентуална промена на политичките констелации. Исто така, ќе се постават определени витални прашања поврзани со можниот почеток на претпристапните преговори на крајот од 2019 година.

На дебатата ќе присуствуваат и амбасадори и други дипломати, претставници на Владата и на Собранието на РМ, граѓанскиот сектор и активисти на Европското движење во Република Македонија.