Градските власти на екс градоначалникот Петре Шилегов се гоштевале по кафани и со пари на скопјани плаќале енормни сметки.
Ова се истакнува во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ, чие соопштение во продолжение го објавуваме интегрално:
Сметка од околу 30 илјади денари за еден ден направил командирот на противпожарната единици поставен од Шилегов, а како причина навел прослава за купување на противпожарната скала, тоа е истата онаа скала која град Скопје ја купи 1,7 милиони евра, односно двојно поскапо од град Загреб.
Сметки скапи во сред кампања по кафани правела и Љубица Јанчева, која на 22 октомври во елитен ресторан на Кејот на Вардар потрошила 39.700 денари.
Функционерите на СДСМ трошеле на телешки бифтеци, морски плодови и разни други скапи специјалитети.
Со парите на народот се плаќа луксузот на функционерите од СДСМ. Сега веќе не можат на грбот на скопјани да се гоштеваат по кафеани и затоа е паниката и нервозата во нивните редови кон градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ