В.Б.(34) од Демир Капија се здобил со повреди откако со мотоциклот марка „Орион“ кој го управувал без регистарски броеви на патот Демир Капија-село Бесвица удрил во паркирано товарно возило марка „ДАФ“ со демиркаписки регистарски таблици.
Според информацијата од СВР Велес, несреќата се случила вчера попладне околу 14:30 часот.
Повредениот возач на мотоциклот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница – Неготино каде по укажаната медицинска помош, заради карактерот на повредите бил пренесен на лекување во Ургентен центар во Скопје.
Увид на местото на настанот изврши екипа од Полициската станица во Неготино.