По преземањето на власта кон крајот на минатата недела, не требаше долго време Талибанците да почнат да ги расчистуваат сметките со своите противници. Дури и на оние кои повеќе не можат да се одмаздат. Според АП, статуата на шиитскиот воен водач Абдул Али Мазари, човек кој се бореше против Талибанците во граѓанската војна што го зафати Авганистан по напуштањето на Советскиот Сојуз, беше урната. Мазари бил погубен на 13 март 1995 година, откако бил мачен, пишува хрватскиот Јутарњи лист.
Мазари припаѓаше на шиитското малцинство на Хазарите во Авганистан.
Статуата се наоѓала во централната провинција Бамјан, каде во 2001 година Талибанците уништија огромна статуа на Буда, стара 1.500 години, врежана во планина, непосредно пред американската инвазија. Официјалната причина за тогашното уништување на статуата на Буда беше исламскиот закон кој го бранеше идолопоклонството.