На товарен брод, што пловел под турско знаме, изби пожар во делот на моторот, додека тој се наоѓал на осум морски милји југоисточно од ‘ртот Тенаро на југот на полуостровот Пелопонез, соопшти грчката Крајбрежна служба.
Како што јави МИА од Атина, на бродот што испловил од Тунис, а чија крајната дестинација била Турција, имало 11 членови на екипажот, кои навреме го напуштиле пловилот и биле спасени од на италијански брод за крстарење. Морнарите потоа биле пренесени на товарен брод што пловел под холандско знаме, а оттаму ги презел патролен чамец на грчката крајбрежна служба.
Грчките власти помагале со бродови, чамци и хеликоптер на Воената морнарица, додека пак во текот на денешниот ден се очекува два противпожарни брода да стигнат до опожарениот турско пловило и да го изгасат пожарот.
Според грчките медиуми, товарниот брод имал 20 тони дизел во резервоарот, но грчката Крајбрежна служба информира дека не е забележано загадување на морето.