Кајли Џенер, една од кланот на семејството Кардашјан, се очекува наскоро да стане најмладата милијардерка која парите самата ги заработила, објавува магазинот Форбс во изданието за Август.
Во бројот посветен на богатите жени кои самите ги зарабтуваат парите, на насловната страница е 20-годишната Кајли Џенер.
Според проценките, во моментов таа има богатство вредно 900 милиони долари.
Насловната страница на која е Кајли таа ја постираше на својот Инстаграм со порака: Вау, не ми се верува, во моментов ја постирам насловната на Форбс на која сум јас“.
Таа потоа се заблагодарува на написот и на фотографијата.
Кајли е ќерка од бракот меѓу Крис и Кејтлин Џенер и е една од најпознатите популарни личности во САД. Доколку наскоро стигне до цифрата 1 милијара заработени пари, ќе го надмине и Марк Цукерберг, кој стана милијардер на 23 години.