Никола МИНОВ од ИНИ, Скопје, на дебатата за т.н. реформи во образованието, за тоа кои се целите кои следните земји, меѓу кои и Грција, Бугарија, Албанија и Косово сакаат да ги постигнат со изучувањето на предметот Историја како посебен предмет. ДОоро е да се прочита и чуе, во услови кога кај нас, т.н. интелектуалци ја раздаваат македонската историја на Грција и на Бугарија, а СДСМ преку Царовска го девалвира изучувањето на историјата во Македонија:

ИТАЛИЈА: Устав на ИТАЛИЈА, член 9: Републиката го штити историското наследство на нацијата. Италија ги поттикнува сите граѓана и институции, оттука и основните училишта да го штитат историското наследство на земјата. Во курикуломот за основното образование, во делот наменет за предметот Историја, пишува, цитирам:

Изучувањето на историјата придонесува кон формирањето историска свест кај граѓаните и ги мотивира да развијат чувство на одговорност кон истриското наследство и заедничките добра. Ова оваа причина, училиштето е повикано да го истражува, продлабочува и консолидира познавањето на историјата.

СЛОВЕНИЈА: Авторите на програмата за основно образование по историја сметаат дека една од главните цели на изучувањето на историјата е учениците да ја развијат свеста за националниот идентитет и националната припадност преку ширење на знаењето за словенечката историја.

ШВЕДСКА: Швеѓаните пропишуваат дека предметот Историја треба да ги научи учениците како треба да историјата да се искористи за зајакнување на националниот идентитет.

ДАНСКА: Паметните луѓе во Данска кои важат за полиберални со пошироки погледи, за главна цел при изучувањето на историјата го наведуваат следното, цитирам: „Учениците мора да се запознаат со данската култура и историја. Не велат „треба“ да се запознаат, туку велат „мора“!

СРБИЈА: Пропишана цел од изучување историја во сите четири одделенија од основното образование каде таа се изучува е, цитирам: „Ученикот да развие одговорност кон себе, кон сопствениот и националниот идентитет, кон културното историско наследство, кон општеството и кон државата!“

БУГАРИЈА: Цел на изучувањето на историјата во 8-мо одделение е, цитирам: „Да се изгради основа за самодоверба кај учениците и национална гордост!

АЛБАНИЈА И КОСОВО: Нужно е да се изучува историјата затоа што „непознавањето на минатото не прави негови заробеници“. Меѓу главните цели во Албанија е и: да се негува националниот идентитет и културна припадност, да се зацврсти чувството на нациоонална припадност и почитта кон националната историја и да се осознае врската меѓу цивилизацијата на албанскиот народ и светската цивилизација.

ГРЦИЈА: Паметните луѓе во Грција сметаат дека целта од изучувањето на истријата кај 10-годишните ученици од четвртто оддделение е, цитирам: „Да се разбере важноста на античката историја како дел од националното историско минато што ќе придонесе за формирање на суштински историски национален идентитет. Од конкретните цели на предметот Историја во четвртто одделение, издвојувам, цитирам: „Учениците да стекнат национална свест и љубов кон својата земја. Ова е од официјален документ од грчкото Министерство за образование, а се однесува на деца од четвртто одделение. Десетгодишните ученици да стекнат национална свест и љубов кон својата земја. Во шестто одделние, пропишано е, цитирам: Од наставата по историја се бара да се поттикнат ученицте да разберат дека зајакнувањето на националната самосвест значи моќ на создавање свесни граѓани“.

Ова е дел до излагањето на Минов. Споредете ги овие зацртани цели од изучувањето на историјата во овие земји, посебно кај сите наши соседи, со залагањата на структурите кај нас кои сметаат дека античката македонска историја е грчка, а таа по неа, од Кирил и Методиј, преку Самоил, Карпош па до Гоце Делчев- е бугарска. Можете ли да змаислите као тие ликови би поминале кај јавноста во сите овие држави?