Не е никаква тајна дека дел од македонските медиуми, кои го имаат и прекарот „загари“ се впрегнати во поддршка на актуелната власт по секоја цена. Во тоа „по секоја цена“ спаѓа и работата на Венко Филипче, човекот кој има најмногу мртви и заразени од корона вирус во регионот, а веројатно и во цела Централна и Источна Европа.
При таа поддршка, македонските т.н. медиуми се служат со различни „финти“. Некои можеби тоа го прават и несвесно, но, да не се лажеме…
Така, денеска читаме дека Словачка имала рекорден број заразени – 123. Шокантно нели. А ние сме некаде околу 100-тина. Значи стоиме супер. Стоиме одлично!
Арно ама, не се споменува дека „рекордот“ од 123 заразени е во земја со 5 милиони жители. Не се споменува, а тоа го нема ни во насловот и ни во текстот дека тие 123 заразени се од над 3000 тестирани. Или, со други зборови, од вкупниот број тестирани денеска (всушност сите податоци се за вчера) Словачка имала околу 3 отсто позитвни, а на севкупно ниво, од почетокот на кризата има околу 1 отсто позитивни од заразените.
Инаку, земјата има тестирано отприлика ист број луѓе (на еден милион жители) како и ние.
Истовремено, денеска кај нас беше објавено дека имаме 115 нови позитивни. Помалку од бедните Словаци. Но, ние имаме два милиони жители, а денеска тој број на заразени сме го добиле од 1825 тестирани што е околу 6 отсто или двојно повеќе од Словачка. Но, кога некаде е шрочиатте дека е постигнат рекорд, веројатно на сет ова нема ни да помислите. Така ве манипулираат, а веројатно и не ве лажат бидејќи можеби навистина Словачка постигнала рекорд.
Патем, Словачка има вкупно 33 мртви од Ковид 19 или 6 лица на еден милион жители. Македонија има преку 250 мртви на еден милион жители. Па сега видете вие околу рекордите.