Владимир БОЦЕВ
Авторот Владимир Боцев, етнолог, во својот дамнешен осврт во списанието „Етнолог“ се осврнува на современиот аспект на обичаите поврзани со одбележувањето на празникот Коледе-Бадник на скопскиот плоштад, како настан кој во независна Македонија е воведен од СДСМ, а е тесно поврзан со обичајот што за Коледе го практикувала војската на Кралството Југославија. Во својот напис, тој го кажува следното:
„Во прилогов е направен обид за следење на трансформацијата на традиционалното Коледе – Бадник на примерите во обичајот за понесување на бадниковото дрво на плоштадот во Скопје од страна на војската на Кралството Југославија и од страна на партијата Социјалдемократски сојуз на Македонија.
Традиционалното Коледе, практично започнува, во повеќе места на Македонија со палењето на коледарскиот оган, ноќта помеѓу 5 и 6 јануари.
Огановите се палеле на култните места и околу нив се собирале машките членови на заедницата, млади и стари. Тие тука останувале се до разденувањето, односно до раните утрински часови и, притоа, скокале околу и преку огнот, а во некои места се пееле и еротски песни. Пред да се раздени, на 6 јануари, групи коледари ги обиколувале селските домови, пееле коледарски песни, благословувале и изведувале броји обичаи. За тоа тие биле дарувани со специјални коледарски колачиња, јаболка, костени, ореви и др.
Обичајот носење на бадниковото дово што во Скопје го практикувала војската на Кралството Југославија се состоел од следното: Носењето на бадниковото дрво на градскиот плоштад го изврщувала поворка составена од коњаницата на војската и претставници на младинските друштва „Соколи” и „„Скаути”, кои, исто така биле качени на коњи.
Бадниковото дрво било сечено во околните шуми, а колите во кои се носел бадникот и самиот бадник биле украсени со државни знамиња. Бадинковото дрво било делено по строго утвреден редослед и тоа: прво на командантот на армиската област, потоа на банот на Вардарската Бановина, скопскиот митрополит, претседателот на градското поглаварство, офицерскиот дом, сите државни и самоуправни установи и граѓанството.
Во соопштението објавено весникот „Вардар” се наведува времето и местото на тргнување на поворката и тоа дека при примањето на бадникот, командантот на армиската област, по стариот народен обичај ќе го прими бадникот и ќе ги попрска со жито”. Пред Офицерскиот дом се палел бадниковиот оган, присутните се служеле со варена ракија, а свирела и воена музика. Пред насобраниот народ биле демонстрирани неколку „ритуални” дествија: делење на бадниковото дрво и палење на коледарски оган.
Обичајот палење на коледарски оган на градскиот плоштад што во Скопіе го практикува партијата Социіалдемократски сојуз на Македонија се состои во следното. Најавата за прославуванье на Коледе почна неколку дена пред закажувањето на обичајот (5 јануари) со јавна покана емитувана на А1 ТВ во која името на празникот и основните податоци за времето и местото на одржување на обичајот беа испишани преку партиското знаме. Во весникот на партијата „Демократија” беше издадено соопштение во кое се вели дека на 5 јануари 1995 година ќе се одржи ,… традиционалната културно-уметничка и забавна програма по повод паганскиот празник на македонскиот народ Коледе”. Во соопштението, покрај другото, се наведува дека присутните ќе бидат дарувани со „традиционалните коледарски подароци, покрај коледарскиот оган”.
На петти јануари, во вечерните часови, на плоштадот „Македонија” беше поставена бина на која, покрај другото, имаше едно државно и две партиски знамиња, додека од звучниците ечеше новокомпонирана народна музика со патриотски набој. До брегот на Вардар, во куп, беа наредени петнаесетина метри кубни дрва, од кои подоцна требаше да пламне „коледарскиот оган”. Својот врв обичајот го достигна кога тројца свештеници на Македонската православна црква го благословија насобраниот народ и купот дрва, што веднаш потоа беше запален и чуван од полицијата. На присутните им беше делена варена ракија, jаболка, костени и др.
Пред насобраниот народ беа демонстрирани неколку „ритуални” дејствија: дарување со „традиционалните коледарски подароци” и палењето на коледарски оган.
Овие обичаи организирани од СДСМ имаат повеќе допирни точки со обичаите организирани од војската на Кралството Југославија.
Заедничко за овие два обичаи е тоа што дел од првиот обичај кој се изведува во семејството – палењето на бадниковото дрво и дарувањето на коледарите – го дислоцирале на отворен простор, каде што организаторите, во случајот војската и партијата, ја играат улогата на домакин. Едните го сечат бадникот наместо домаќинот, а другите ги даруваат „коледарите”, наместо домаќинката. Значи, овие два обичаи можеме да ги подведеме под поимот фолклоризам, со оглед на иновациите и новите функции.
Традиционалното коледе е анимистичко – магиски обред кој треба да обезбеди плодност и благосостојба, но тој содржи и елементи за забава.
Обичајот донесување на бадниковото дрво во Скопје, што го практикувала воіската е дел од низата обичаи за Бадник што таа ги присвоила. На тој
начин, појавувајќи се во функција на војската, како експонент на државата, обичајот се јавува и во функција на државата (китењето на бадниковото дрво
со државни знамиња). Обичајот има и забавен карактер.
Обичајот што го практикува партиата Социјалдемократски сојуз на Македонија – „Коледе” отргнат е од времето и просторот во кој се одржува традиционалното Коледе.
Ово обичај ги содржи сите елементи на масовна култура: забавност, атрактивност, информативност.
Општествената функција на традиционалното Коледе е да го поттикне и зајакне чувството на припадност на една заедница, селска или градска.
Општествената функција на обичајот што го практикувала војската на Кралството Југославија е двојна. Прво, создавање на чувство на припадност на иста верска, етничка и државна заедница. Второ, истакнување на општествената хиерархија, со симболичното делење на бадниковото дрво по строго
утврден ред.
Општествената функција на обичајот организиран од партијата Социјалдемократски сојуз на Македонија, исто така, е двојна. Прво, истакнување на народниот карактер на партијата, поткрепено и со пуштањето на новокомпонирана народна музика со патриотски набој. Второ, поврзување на партијата со државата, црквата и народот. Ова, последното, особено се однесува, според графичкото решение на ТВ огласот и соопштението во партискиот весник, на партиските членови и симпатизери, кои, доаѓајќи на градскиот плоштад го изразија своето единство и заемна поврзаност.
Од друга страна, пак, последните два обичаи можеме да ги сметаме и како политички ритуал во кој се содржани низа иновации кои во себе jа содржат пораката која практично а дефинира новата функција на обичајот.






