Еден од најпознатите новинари во бивша СФРЈ, а сега во Србија, и не само таму, Мирослав Лазански, заминува за Москва како амбасадор на Србија во Руската Федерација. Последните години, освен неговите колумни за „Политика“, тој се јавуваше и како водител на емисија во српската редакција на „Спутник“. Погледајте како неговите колеги го испратија на новата должност, односно како на малку невообичаен начин, прекинувајќи му ја емисијата, му оддадоа почит на колегата кого тие, и не само тие, го сметаат за исклучителна вредност.
Претходно, неговата матична редакција, редакцијата на весникот Политика, објави интервју со него, нарекувајќи го веќе „екселенција“, иако од текстот повеќе е јасно дека титулата ја употребуваат повеќе како почит, како кон човечка и новинарска вредност, а не како нешто што по автоматизам доаѓа со амбасадорското место. Зашто, во крајна линија, има многу амбасадори, спосбни и непособни, но за Србите, и не само за нив, еден е Лазански.
Интервјуто со Лазански можете да го прочитате на линкот под видеото од кое се гледа како редакцијата на „Спутник“ се простува за четири години од Лазански.