Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, денеска остро реагирала на оценката на француското МНР дека на протестите во Москва, рекацијата на полицијата била непропорционална.
Таа потсетила дека на протестите во Франција на жолтите елеци, при судирите со полицијата загинале 11 лица, а 2500  се повредени.
Претходно министерот Ке Д’Орсеј на Твитер укажал на голем број уапсени за време на недозволениот митинг во Москва на 27 јули.
„Министерството за надворешни работи на Франција е загрижено поради протестите во Москва. Таа иста Франција во која се случуваа вооружени судири меѓу полицијата и демнстрантите, и тоа според описи на самите Французи“, напишала Захараова на ФБ.

Додала и дека самиот француски шеф на димпломатијата рекол дека државата „нема намера да го чува поредокот со зборови“.

„И после тоа, Париз е последен кој може да не учи за било каква пропроционална реакција“, заклучила Захарова.

Во текот на протестите во Москва приведени се околу 1 400 лица.