ТВ АЛФА 28 јуни 2012 година
„Одлуката за менување на името на нашата улица „ Мексичка “ е знак на крајна кусогледост и дрскост. Музичарот Влатко Стефановски дојде лично во Градот и во негово и во име на неговиот брат, драмскиот писател Горан Стефановски, денеска со протестно писмо реагираа до градоначалникот Трајановски и до Советот на Град Скопје. Велат дека името на нивната улица е врзано со земјотресот во 1963 година и дека на истата живеат познати политичари и уметници чии животни приказни се поврзуваат токму со улицата. Писмото на советничките прашања го прочита Софија Куновска од СДСМ. Протестно писмо до Советот на Град Скопје веќе испрати и семејството на претседателот Глигоров. Тие реагираа на одлуката по нивниот татко да се вика улицата Војводина кај Стариот Кванташки Пазар во Скопје. Велат дека никој не ги консултирал и почитувајќи ја желбата на Глигоров, не се согласуваат улица да се именува со неговото име. Градоначалникот Трајановски најави дека ќе ги разгледа писмата и ќе разговара и со Стефановски и со Глигорови. Неодамна беа сменети 30 имиња на скопски улици, мостови и плоштади. Се очекува истото да се случи со уште 260 инфраструктурни објекти. Катерина Топалова.“
Вака извести телевизјата Алфа за реакцијата на музичарот Влатко Стефановски, во негово име и во име на неговиот брат Горан, за желбата на тогашната власт во Град Скопје да се преименува името на улицата на која тој живее во „Петре Пирузе“ легендарна фигура на македонското ослободително движење.
Неговата реакција ја прочитала Софија Куновска од СДСМ.
Истиот тој Влатко Стефановски, вчера им го честиташе Илинден на граѓаните на „Република Северна Македонија“.