Албанскиот премиер Еди Рама ги налути Французите со последователните изјави со кои ја критикува Европската унија за политиката која ја води кон земјите од Западен Балкан во врска со вакцината против Ковид-19.
„Последната беше за време на неговата посета во Турција и средбата со Реџеп Тајип Ердоган, како и по неговото пристигнување од Турција, во телевизиска емсија, ја нападна ЕУ нарекувајќи ја „неодговорна и цинична кон Албанија за да и помогне со вакцини против ковид“, пренесува весникот Коха јон.
Според Рама, ЕУ ништо не ја чини доколку на Балканот му донира вакцини против Ковид-19, посебно посочувајќи ја Франција.
-Претходно реагираше амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, обвинувајќи ја албанската Влада дека нема план за вакцинација и профилактички мерки за примање на вакцината. Денеска реагираше и француската амбасада во Тирана, соооштувајќи дека ЕУ останува најголем донатор за Албанија. Амбасадата наведува дека ЕУ и дала 100 милиони евра на Албанија за време на пандемијата, додава весникот.
Француската Амбасада понатаму оценува дека „не е нормално и коректно да се напаѓа пријател како Франција“.
-Еди Рама тргна на опасен геополитички курс, бегајќи од ЕУ, кон Турција. Во меѓувреме, ЕУ, покрај стотиците милиони евра што и ги даде на Албанија, побара од официјална Тирана да ги исполни условите потребни за првата конференција ЕУ-Албанија. Сменетиот курс на Еди Рама, анти – ЕУ, станува опасен курс за европската иднина на земјата и за демократијата во Албанија, посочува француската Амбасада во својата реакција.
Овие реакции се чини меѓутоа како да се од време на комунизмот. Тогаш, ако било што критикиваш, следеше обвинение дека си против братството и единството или против власта на работниците.