Твитер отстрани видео на американскиот претседател Доналд Трамп поради наводно ширење лажни информации за коронавирусот.
„Твитовите што го следат видеото ја нарушуваат нашата политика во врска со дезинформации за Ковид-19“, изјави портпарол на Твитер.
Портпаролот на Фејсбук изјави дека видеото синоќа е исто така повлечено од таа социјална мрежа.
„Ние го избришавме вашето видео затоа што споделува невистинити информации за лекови и третмани за Ковид-19“, објасни портпаролот на Фејсбук.
На ова видео се прикажани група лекари кои даваат погрешни и лажни тврдења за пандемијата. Според „Вашингтон пост“, повеќе од 14 милиони луѓе го гледале видеото на „Фејсбук“. Во видеото се вели дека маските не се неопходни за да се запре болеста.
Всушност, видеото не еза носењето или неносењето маски, туку за тоа дека хидрохлорикинот во комбинација со антибиотикот азитромицин и со цинк успешено се справува со Ковид 19, доколку се даде во раната фаза од болеста, веднаш штом ќе се појави првиот симптом од болеста без да се чека резултат од тестот.
Ова е еден од линковите на кј до пред само неколку минути можеше да се чуе американската лекарка Стела Имануел и која се појаува во видеото споделено и од Трамп, а во кое таа тврди дека имала 350 пациенти со Ковид 19 и сите се излекувани, нема ниту еден смртен случај, под услов комбинацијата да се даде во раната фаза.
Видеото е забранета содржина и на нејзината ФБ страница, а по принципот кој нам ни е добро познат, лекарката е цел на организаран медиумски напад од противниците на Трамп за тоа дека верувала дека на Земјата има ДНК од вонземјани и слично.
Инаку хидрохлорикинот во многу земји беше повлечен од употреба откако СЗО испрати известување до низа земји дека неговата употреба е опасна, односно предизвкува аритмија. Тој почна да се употребува и во Македонија, но беше повлечен по забраната за негова употреба од СЗО.