Ако не сте во групата ревносни проувачи на Библијата, веројатно не сте ни забележале дека апостолот Петар имал сопруга. Всушност, вниманието е насочено кон нејзината мајка, која како и сопругата на Петар, не се именувани.
Иако Римокатоличката црква тврди дека Петар е првиот папа, таа би сакала да го дискредитира фактот дека апостолот имал жена. Но, во Светото писмо е нагласено во тврдењето дека тој имал и жена и дека мајката на неговата сопруга живее со нив, и дека била излечена од Исус (Матеј 8, 8-12, Марко 1, 29-34, Лука 4, 38-42.
Од Павле дознаваме дека сопругата на Петар го придружувала својот сопруг на некои од неговите мисионерски патувања, грижејќи се за неговите многубројни потреби. Во 1. Коринтјаните 9:5, апостол Павле вели:
„Зар немаме право да водиме со себе сестра, жена верничка, како и другите апостоли и браќата Господови и Кифа?“
Ова недвосмислено упатува на тоа дека Петар со себе ја водел и својата сопруга.
Не знаеме зошто ни е скриено името на оваа благородна жена, која била верен партнер на Петар во деновите кога бил рибар, а потоа и во текот на долгите години на неговото апостолство. Зад Петар, за целото време стои симпатична, дискретна и жена исполнета со разбирање.
Природно, Петар е импулсивен човек со тенденција да се откажува кога работите ќе се вжештат. Доаѓајќи дома со такво расположение, можеме да замислиме како неговата сопруга разговара со него, го предупредува да оди полека и го поттикнува да се издигне над искушенијата и разочарувањата. Во болест, таа ќе биде негова утеха, како што беше кога нејзината мајка има треска. Не ни е кажано дали имале деца во нивниот дом во Капернаум. Ако имале, сигурни сме дека сопругата на Петар била најдобрата мајка.
Кога апостолот ги напишал своите две посланија, и во нив ја опишал идеалната женственост, дали пред себе го имал примерот на неговата сопруга, како онаа што беше еднаква, подложна на нејзиниот сопруг и достојна за секаква чест како послаб сад (1. Петрово 3: 1-12)?
Еве што вели Петар во своето Послание за идеалната жена:
„А така и Вие жените, бидете им покорни на своите мажи, па ако некои од нив не му се покоруваат на словото, преку поведенитот на своите жени, да се придобијат без приговор кога ќе видат вашиот чист и богобојазлив живот;
Вашата убавина да биде не надворешна, односно во плетење на косите, китење со злато и облекување со облеки;
туку внатрешна, во срцето на скриениот човек, во постојаност и тих дух, што е драгоцено пред Бога;
Зашто така некогаш се украсуваа светите жени, кои се надеваа на Бога и им се покоруваа на мајките свои; како што Сара го слушаше Авраам, нарекувајќи го господар. Вие сте нејзините чеда, ако правите добро, не плашете се од ништо. Така и вие мажите, живејте со своите жени во разбирање и почитувајќи ги како послабо суштество и како сонаследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молитвите ваши…“
Дали сопругата го иснпирирала Петар да го напише овој опис на скромно облечена жена, која повеќе мисли на украс со кроткиот и тивкиот дух отколку на разубавена облека? Таа веројатно е највредната сопруга која е подготвена да биде скриена за да може да се унапреди и украси каузата на Учителот на кого Петар и таа се посветени.
Според традицијата, сопругата на Петар била ќерка на Аристобул, па така, со тоа што Марко е опишан како „син на сестрата на Варнава“, тој бил девер на Петар.
Исто така, постои трогателна легенда за христијаните во Рим, кои побарале од Петар да избега од затвор, за да може да се спаси и да продолжи да и служи на црквата во целост. Апостолот се потчини на нивните молби и некако избегал од затвор, но кога потоа, наоѓајќи се на пат, нему му се јавува Исус Христос по што тој се враќа во Рим за да биде распнат.
Кога смртта доаѓа, неговата сопруга е прва маченичка, и додека ја воделе да умре, Петар ја утешил со зборовите: „Сети се на Господа“.
Кога доаѓа редот на Петар, тој ги молел да го распнат со глава надолу, чувствувајќи дека не е достоен да умре на ист начин како и неговиот Господ. На небото, Петар и неговата лојална сопруга сјаат заедно како ѕвезди затоа што многумина се свртеле кон праведноста.
(тетскот е преземен од biblegateway.com со прилагодувања од страна на Денешен.мк)