Францускиот прволигаш Нант е заинтересиран за италијанскиот фудбалер Марио Балотели, пренесува Calciomercato.
Според изворот, францускиот клуб веќе му дал понуда за договор на 30-годишниот „Супер марио“.
Балотели минатата сезона играше за Бреша, но управата на клубот го откажа договорот со играчот поради конфликт. Напаѓачот има постигнато пет гола на 19 натпревари во сезоната 2019/20.