АВЕИРО: Бог го испрати Роналдо да покаже дека короната е најголемата измама која сме ја виделе

/ 15.10.2020

Катија Авеиро, сестрата на Кристијано Роналдо, со една објава на социјалните мрежи преидзвика бурни реакции во цел свет.

Фудбалскиот сојуз на Порутгалија во вторникот објави дека најголемата ѕвезда на тимот е позитивна на ковид-19. Роналдо се чувствува добро, нема никакви симптоми и се наоѓа во самоизолација.

Кога дозна дека нејзиниот брат е заразен, Катија на Инстаграм испрати порака до јавноста.

„Ако Роналдо мора да го разбуди светот, тогаш тоа е од Бог. Му благодарам за тоа! Затоа што илјадници луѓе ќе прогледаат и ќе мислат за тестовите, вирусот и останатото како и јас… Дека е најголема измама која сме ја виделе“, порача сестрата на Роналдо.


Од истата категорија