Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 мај.
Денеска е Духовден – Слегување на Духот Свети.
Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На десеттиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.
Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време па се до денес не ја напушта црквата. Духот е критериум за се што се случува во црквата и на општ и на личен план. Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела.
Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Мат Талбот, господов слуга.
Во 1925 година, на 70-годишна возраст умрел Мат Талбот. Бил алкохоличар. На 24-годишна возраст одлучил да се откаже од пиењето алкохол. Поради напорното десетчасовно работно време, спиел само по три часови.
Неговиот ден започнувал во два часот по полноќ. Се молел се до започнувањето на утринската миса, по која секогаш прв пристигнувал на работното место и совесно ја извршувал својата должност.