Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 мај. Денеска е Спасовден – Вознесение Христово.

Спасовден, или празникот на Христовото вознесување на небото е четириесеттиот ден од Воскресението. Господ во текот на 40 дена по своето воскресение им се јавуваше на учениците, зборувајќи им за царството Божјо. И откако им заповеда да не го напуштаат Ерусалим, туку да го чекаат слегувањето на Светиот Дух, тој ги изведе своите ученици во Витанија, ги благослови и се вознесе на небото.

Додека учениците гледаа во облакот што го сокри Господа пред нивните очи, ангелите им објавија дека истиот Исус кој од нив се вознесе на небото пак ќе дојде на ист начин како што го видоа да се вознесува. Овој празник се нарекува Спасовден затоа што во денот на Христовото вознесение се доврши делото на спасението.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Благословен Иван Доминичи.

Бил роден во Фиренца во 1356 година. На 14-годишна возраст стапил во доминиканскиот ред. Како свештеник проповедал. Поради големите способности и светиот живот, папата Гргур Дванаесетти во 1407 година го наименувал за дубровнички надбискуп и го испратил во Млетачката и Џеновската република.

Во 1408 година бил именуван за кардинал. Умрел во 1409 година.