Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 август.
Денеска е Откривање и пренос на моштите на Св. архиѓакон Стефан.
За моштите на свети архиѓакон Стефан не се знаеше ништо по неговата смрт со каменување во Ерусалим. Дури во петтиот век на Кафаргамалскиот епископ Лукијан во сон му се јави Гамалил, учителот на апостол Павле, и му го откри местото на кое почиваа неговите мошти, како и начинот на кој тие стасале дотаму. Имено, по убиството на свети Стефан, јудејците оставија неговото тело да го изедат пците, така што се до овој век тие беа сосема заборавени. Епископот Лукијан дојде до пештерата што му беше покажана и таму најде се според кажаното.
А кога почнаа да копаат по пештерата се рашири пријатен и добар мирис од светите мошти. Подоцна моштите на свети Стефан беа пренесени во Цариград.
Според Католичкиот календар денеска е Празник на Света Богородица.
Тоа е ден кога Света Богородица оживеала по нејзината смрт, а телото нејзино станало духовно како Исусовото тело по воскреснувањето и со душата и телото заминала на небото, т.е. во рајот, каде примила награда поради тоа што на земјата додека живеела нејзината душа била чиста бидејќи не направила ниту еден грев. Според црквеното учење, кога света Богородица на небото ќе го моли Господ за нас, тој никогаш не ја одбива нејзината молитва. Затоа верниците се молат пред нејзините кипови и икони.