Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 октомври.

Денеска е Преподобен Ефтимиј Нови.

Роден е во 824 година во Анкира. Откако отслужил војска, се оженил и имал една ќерка, Анастасија. Подоцна се замонашил и долго време се подвизувал во Олимпските манастири, а потоа на Света Гора. Потоа едно време живеел како столпник во близината на Солун.

Столпниците се посебен вид подвижници, кои обично избираат некоја возвишена карпа за да живеат таму, шибани од ветрот и дождот, поминувајќи го целото време во пост и непрекината молитва на умот и срцето, зашто единствено со помошта на Божјата благодат може да се издржи таквиот подвиг.

Овој преподобен, т.е. најсличен на Бога во љубовта и смиреноста, се успокои на еден остров близу Света Гора. Неговите чудотворни мошти почиваат во Солун.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Шимун и Св. Јуда Тадеј.

Обајцата биле Апостоли кои го проповедале и ширеле христијанството, во Ерусалим, а потоа и во Вавилон и Персија.

Тие биле измачувани и преполовени со пила за дрва. Верниците им се молат за разни потреби.