Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 септември. Денеска е Преподобен Евмениј Чудотворец.
Во седмиот век по Христа, на островот Крит заблеска незазлената Христова светлина во Гортинскиот епископ Евмениј. Овој се беше откажал од богатството, раздавајќи го на сиромашните, уште во својата младост. Потоа стана монах и со молитва и пост ги преобрази душата и телото, издигајќи се до мерата на Богочовечкиот Христос. И како што светилникот не може да се скрие во огромното пространство зашто го издава неговата светлина, така и Евмениј не можеше да се скрие од светот.
Народот дозна за него и го избра во Гортина. Како епископ беше татко на сирачиањата, богатство за сиромашните, утеха за ожалостените, лекар за болните и прекрасен чудотворец. Земниот живот го заврши во Тиваида.
Според Католичкиот календар денеска е Св. Терезија од детето Исус.
Родена е на 2 јануари 1873 година во Алансон како деветто дете во семејството. На 15-годишна возраст заминала во манастирот на калуѓерките, наречени Кармеличанки. Терезија успеала да стане Света на тој начин што секодневното работење како и проблемите кои ги имала стрпливо му ги прикажувала на Исус Христос. Ваквиот начин на самопрочистување се нарекува „малиот пат на усовршување по примерот на Света Терезија”.