Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 март.
Денеска е Преподобен Јаков Исповедник.
Свети Јаков е исповедник на православната вера во времето на иконоборството. За него се знае многу малку: дека бил епископ, многу се подвизувал во пост и молитва, а пострадал веројатно во времето на императорот Константин Копроним.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Свети Ричард од Чичестер
Денешниот покровител е Ричард де Вич, епископ на англискиот град Чичестер (округот Западен Сасекс). Роден е во 1197 година во Дројтвич (Вустершир) како син на мал земјопоседник. Рано го загубил татко му, па за него се грижеле неговите старатели. Тој сакал да стане свештеник, а за време на студиите вредно работел за да ги обезбеди потребните средства за своето образование. Се школувал во Оксфорд, а потоа во Париз и Болоња, каде седум години студирал канонско право. Ричард бил поддржувач на црковните реформи, па кралот Хенри III бил против неговиот избор, но во 1245 година папата Инокентиј IV. лично го освети новиот епископ во Лион.
ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР: Времето за ифтар и суфур
Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:04 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 04 часот и 38 минута. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна.