Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 ноември.
Денеска е Преподобен Јоаникиј Велики.
Црквата ретко дава некому назив Велик. А кога свеста на соборната личност, т.е. на Црквата, ќе го даде некому овој назив, значи дека се работи за извонреден светител. Една таква извонредна светлина за светот беше овој преподобен Јоаникиј. Се роди во Витинија, во селото Мариката. Како момче беше овчарче и уште тогаш го засака молитвеното тихување. Подоцна се замонаши во еден манастир на Олимп, во Мала Азија и помина 50 години во подвиг. Од Бога доби големи дарови: ги лечеше сите маки и болести, изгонуваше демони, скротуваше yверови, преминуваше преку вода како по суво, ги предвидуваше идните настани. Проживеа 94 години и мирно се успокои во Господа, во 846 година.
Според Католичкиот календар денеска е Св. Елизабета Угарска.
Живеела во тринаесеттиот век. Била ќерка на Угарскиот крал Андрија Втори и жена на грофот Лудовик со кој имала три сина кои ги воспитувала според христијанството. Била богата, скромна во облекувањето и градела домови, во кои ги примала сиромашните, старите луѓе и болните. И се молат верниците за разни потреби.