Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 јули.
Денеска е Преподобна Макрина.
Света Макрина беше сестра на двајца познати и славни светители Василиј Велики и Григориј Ниски. Во својата младост таа беше свршена со некое момче што умре уште пред да се земат, а Макрина се заветува никогаш да не стапува во брак, велејќи: не е право девојка свршена со еден свршеник да се земе со друг; според природниот закон треба да има едно сопружништво, како што има едно раѓање и една смрт.
Таа тоа го правдаше уште и со верата во воскресението, не сметајќи го својот свршеник мртов, туку жив во Бога: грев е и срамота сопругата да не ја сочува верноста кога сопругот ќе и замине во некоја далечна земја.
И понатаму целиот живот го помина во длабоко богомислие и подвиг. Се упокои во 379 година, набргу по упокојувањето на својот брат Василиј.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Алфонз Марија де Лигуори.
Бил роден во Неапол, во 1696 година. Го основал Конгреацијата на Пресветиот Исцелител. Проповедувал меѓу народот и го ширел христијанскиот живот. Пишувал книги за моралот, па затоа бил наречен “Татко на христијанскиот морал”.
На 66-годишна возраст станал бискуп во бискупијата Санта Агата деи Готи. Ја почитувал мајката Господова и во нејзина чест напишал книга која била преведена на многу светски јазици. Умрел во 1787 година.